Кога на 45 години имате нозе како Џенифер Лопез, ниту еден мини фустан не е доволно краток.Популарната латино дива Џенифер Лопез е се попривлечна, како што минуваат годините.
За шоуто „Американски идол“, таа секогаш е дотерана, а не направи искучок ни со фустанот, со кој што присуствуваше на забавата за финалисти, одржана на 12 март. Во прашање е мини фустан од колекцијата „Mарчез“, со долги ракови и затворен до вратот, но толку краток што сите се загледале во нејзините нозе, кога се појавила на килимот.
Белиот материјал е украсен со сребрен и златен вез, а долгите нозе изгледаат убаво во салонските со боја на кожа, со исклучително висока потпетица – и овој пат модната куќа „Касадеи“.
Како ви се допаѓа?