Најколоритното дрво на планетава

EucalyptusЕукалиптусот Виножито (Eucalyptus deglupta) е единствениот вид  еукалиптус коj можe да се најдe на северната хемисфера. Како тоа да не е доволно необично, стеблото на 70 метри високото дрво изгледа како некој апстрактен сликар да си поиграл со него, обојувајќи го во сите бои на виножитото.


Еукалиптусот Виножито (Eucalyptus deglupta) е единствениот вид  еукалиптус коj можe да се најдe на северната хемисфера. Како тоа да не е доволно необично, стеблото на 70 метри високото дрво изгледа како некој апстрактен сликар да си поиграл со него, обојувајќи го во сите бои на виножитото.

1_tree_view_up

Овој необичен феномен е предизвикан од лупењето на кората на дрвото во различни временски периоди. Различните бои, така, се показатели на староста на стеблото. Свежо излупените делови се обоени во светло зелена нијанса. Тие потемнуваат со текот на времето и ги менуваат боите од сина до виолетова, и портокалова и темно црвеникава после подолг временски период.

207065306_ecb16c87a9

Ако милевте дека едно вакво убаво и необично дрво е само за восхит, не сте во право. Еукалиптусот Виножито има и корисна страна: околу светот се користи во изработката на хартија. Да, обична бела хартија.

3_at_highway

Доколку сакате да му се восхитувате на Еукалиптусот Виножито и да уживате во неговата убавина во живо, ќе треба да отпатувате во Индонезија, Папуа Нова Гвинеја или на Филипините, единствените места каде тоа расте во своето природно опкружување.

5_Eucalyptus_deglupta-trees.preview
[The Most Colourful Tree on Earth ]

- Реклама -