Најисчекувани филмови за престојното лето

ФилмовиНекои од овие филмови се одлични, други се катастрофално лоши, но сите имаат своја публика која нетрпеливо очекува да ги наполни со пари благајните во кино салите (или да ги симне од интернет). Ова се најисчекуваните филмови за престојното лето.

Некои од овие филмови се одлични, други се катастрофално лоши, но сите имаат своја публика која нетрпеливо очекува да ги наполни со пари благајните во кино салите (или да ги симне од интернет). Ова се најисчекуваните филмови за престојното лето.

Еден од најисчекуваните филмови за престојната сезона е третото продолжение од сагата Самрак, со наслов Еклипса. Овој серијал филмови од величествените мрачни суштества наречени вампири создаде  мажиња прекриени со сјај за усни кои светкаат. Приказната е примарно насочена кон искористување на несигурностите на малолетните девојчиња и машката геј популација, кои всушност се и носечката публика што го исчекува и најновиот дел од турбо-фолк кинематографијата.

Филмови

Ајрон Мен 2 е продолжение на одличниот филм снимен според стриповите на Марвел. Се најавува дека одличната изведба на Роберт Дауни Џуниор е надмината во новиот дел, а интензитетот на приказната ќе биде зголемен со појавувањето на Мики Рурк како негативец.

Филмови

Сексот и градот 2 е обид за вадење дополнителен профит од приказна која веќе го истроши својот потенцијал. Четирите девојки, кои веќе се стари жени, овојпат ќе одат на прошетка низ светот, вклучително и во Абу Даби (всушност Мароко), Кери Бредшо е мажена жена и нема да биде откриено ништо ново. Како и во случајот со Самрак и овде публиката е главно женска, со таа разлика што просечната возраст е над 25 години.
Филмови

Во римејкот на Карате Кид ќе игра синот на Вил Смит и Џада Пинкет, Џејден Смит. Тој наидува на неволји во Кина, по што ќе биде спасен од учителот, кој го игра сериозниот актер Џеки Чен. Со оглед на локацијата на приказната, ова требаше да се вика Кунг Фу Кид, но Холивуд едноставно сакаше да му дозволи на Вил Смит да ги уништи спомените на многу луѓе во светот.
Филмови

Новата визија за Робин Худ ни го носи Расел Кроу во улогата на легендарниот англиски одметник. За разлика од досегашните романтичарски погледи на приказната, овојпат нештата се гледаат низ една помрачна и пореалистична призма. Филмот ветува многу, но главниот суд ќе го дадеме по неговото излегување.
Филмови

А-тимот е филм снимен по старата и ужасно популарна серија со истиот наслов. Во главните улоги се појавуваат Лиам Нисон, Бредли Купер, Џесика Бил и Шарлто Купли (Област 9).
Филмови

Кошмар во улицата на брестовите е римејк на филмот од 1984 година. Овој филм со нетрпение се очекува од љубителите на филмската уметност, со оглед на тоа што сега тој на своја страна ги има специјалните ефекти кои тогаш не постоеја. Но, од друга страна, истите тие ефекти можат да го уништат шармот на Фреди Кругер.
Филмови

- Реклама -