Најинтересните технологии за изминатата недела

Летото е веќе пред нас, сите ние веќе се мислиме каде да одиме на одмор. Но тоа не значи дека светот на новите технологии застанува или одмара, тие продолжуваат со работата и измислуваат се по нови и интересни технологии.

Еве што избравме да ви покажеме оваа недела:

Gmail има нов Inbox

gmail-inbox-iphone-bg

Како што веќе знаете Gmail има нов дизајн и тоа за десктоп верзијата, но и за мобилните апликации за iOS и Android.

Човек создаде автомобил за трки од авиот

spirit-of-lemons-640x379

Што можете да направите со стар авиот и старо комбе? Офицерот Џеф Блоч успеа од тие две превозни сретства да не создаде автомобил за трки и го нарече ”The Spirit of LeMons.”

Mercedes-Benz воведе QR кодови за да спаси животи

mercedes-qr-code

Mercedes-Benz деновиве додаде QR кодови во своите автомобили за да им помогне на спасувачките екипи успешно да ги извадат настраданите во автомобили несреќи.

Отворете ја вратата на вашиот дом со помош на паметен телефон

august

Бравата August Smart, која би требало да се појави на пазарот до крајот на годината, ви овозможува да ја отклучите вратата на својот дом преку интернет. Така далечински ќе ве спаси од кражби и ќе овозможи сами да им дозволите на вашите пријатели да влезат во вашиот дом.

Прочитајте и:  Нови снимки од Јупитер, веројатно најдобрите досега

3D-tracking апликацијата ве прави супер-автомеханичари

3d-tracking-app-car-repair

Оваа апликација ви овозможува да се снајдете во било каква ситуација кога вашиот автомобил има механички проблеми. Таа овозможува да ја разгледате надворешноста и внатрешноста на моторот на вашиот автомобил само со прикажување на иконки. А освен тоа ќе ви покаже и како сами да го решите механичкиот проблем на автомобилот, како на пример како да го промените маслото.

Новиот соларно-електричен погон на мотор создаден од НАСА

nasa

НАСА објави слика на својот нов соларни електричен погон Thruster чија моќ е составена од ксенонски јони

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -