Лоциран во Штутгарт, Германија, Мерцедес-Бенц Музејот е дом на “најсилното вештачки создадено торнадо во светот” според Гинисовата книга на рекорди. Сепак, 34,4 метри високиот проект може да ве изненади.
Архитектурата на Мерцедес-Бенц музејот (дизајнирана од страна UNStudio) постави посебни барања до градежните планери, архитекти и инженери земајќи во предвид да се отстрани чадот. Одредбите и прописите на заштитата од пожари бараат сите области кои се надвор од нивото на оган да бидат без чад во случај на распространување на пожар. Сепак, поради отворената планска структура на Музејот, различните агли на прикажување се поврзани едни со други без огнени зони преку внатрешен двор и рампи. Од гледна точка на елиминација на чадот, ова презентираше тешка задача која не може да се имплементира преку конвенционална механика на флуиди.
Беше неопходно да се донесе нов пристап, па затоа беше особено развиен нов систем за елиминација на чад, на глобално ниво. Во случај на пожар, 144 објекти се наоѓаат по должината на ѕидовите на јадрото кои внесуваат воздух во внатрешноста на дворот на Музејот. Ова создава вештачко торнадо, при што потоа собраниот чад се испушта во надворешниот воздух преку вентилатор за отстранување на чадот кој се наоѓа во горниот дел од зградата.
Оваа процедура го користи принципот на „торнадо сила“ која има разурнувачки ефект во природни услови, да создаде контролирана форма за спасување животи од механика на флуиди која отвора нови архитектонски можности.