Најголемото Кашу дрво во светот

Во 1994 година, Гинисовата книга на рекорди, креира посебна колумна за најголемото Кашу дрво ( Anacardium occidentale) во светот, кое се наоѓа во Натал, Бразил. Огромното дрво настанало со комбинирање на две посебни дрва и поради недостаток на простор, тие се спојуваат во еден организам. Настанува мутација при таквото спојување, при што гранките на дрвото не растат нагоре туку странично, и неизбежно при самото ширење на гранките, тие повторно се закопуваат во земја и постануваат корења. Од тие корења повторно израстува ново дрво, со иста мутација, кое всушност е само еден организам.
983810_410340365746614_1591500258_n (1)
Ова дрво зафаќа површина од два хектари и се претпоставува дека е старо приближно 1000 години. Ова огромно дрво дава годишно по 60.000 плодови, кои се карактеристични по тоа што плодот има прикачено надворешно јатка.
1387917755_3602af2741

Зошто кај нас овие јатки се викаат Индиски оревчиња, останува мистерија!
800px-Cashews_1314

- Реклама -