Најголемите откритија во 2009

missing-linkАрхеолозите, антрополозите и сличните на нив научници ни оваа година не мируваа, па така дојдоа до некои многу интересни откритија. National Geographic одбра десет најважни од нив, од кои некои битно променија одредени полиња од науката.


090603-02-new-type-cloud-sunset_bigАрхеолозите, антрополозите и сличните на нив научници ни оваа година не мируваа, па така дојдоа до некои многу интересни откритија. National Geographic одбра десет најважни од нив, од кои некои битно променија одредени полиња од науката.

Така, откривањето на најстариот човечки скелет ја редефинира еволуциската врска меѓу човекот и мајмунот, а откривањето на нов вид на облак кој го доби името Жак Кусто доведе до воведување на нов тип облак за прв пат после 1951 година.

За некои од најголемите откритија во 2009 кои се најдоа на листата на National Geographic пишувавме и ние. На пример, за античките луѓе од Јужна Америка кои оделе на забар пред 2.500 години – што е еден од најраните докази за постоењето на оваа професија – за да ги разубават нивните заби. Или за рибата со транспарентна глава која за прв пат оваа година можевме да ја видиме одблиску.

Во 2009 беше претставено и откритието на фосилните остатоци од најстариот човечки предок кои покажуваат преоден стадиум во развојот на човечката раса со што и се кажа збогум на теоријата за „алката која недостасува“. Ова откритие ја менува од корен историјата на човечката еволуција. Како што кажа еден научник „Ова менува сè.“

Оваа година беа откриени и многу нови видови живот, од кои National Geographic ги издвојува исклучитено реткиот вид ајкула, која откако беше пронајдена во водите на Филипините, заврши неславно – изедена. Слична судбина ја снајде и ретката птица која се сметаше за истребен вид. Оваа година таа беше забележана и фотографирана за прв пат досега, после што беше продадена и изедена. Беше откриена и најголемата змија која некогаш постоела. 60-милиони стариот рептил бил потежок од автомобил, а според научниците овој фосил од праисториска змија може да фрли светло врз климатските промени.

Едно од најголемите откритија изминатава година кое се најде прво на листата на National Geographic е направено со 47 милиони старите, добро зачувани фосили за кои научниците сметаат дека се алката која недостасува – откритие што ефективно ја докажува еволуцијата.
[Top Ten Discoveries of 2009: Nat Geo News’s Most Viewed]

- Реклама -