Месо од епрувета, нов чекор во освојувањето на Марс, откривање на вулкан на нашата планета … Ова се дел од откритијата, кои ќе влезат во историјата од минатата година. National Geographic не потсетува на најзначајните меѓу нив:
1.Откриен еден од најстарите храмови во светот
На 12 февруари перуански археолози објавија дека на неколку километри од Лима, главниот град на Перу, откриле уникатен храм во археолошкиот комплекс El Paraiso на површина од околу 50 хектари. Староста на верската структура е околу 5.000 години. Основите на камениот храм беа откриени од археолозите случајно на еден тесен влез кон пирамидата. Научниците тврдат дека оваа структура е различна од сите други кои се наоѓаат во регионот. Ѕидовите во храмот на огнот се покриени со жолта глина, по која се јасно видливи траги од црвена боја. Внатре во религиозната зграда било пронајдено место за жртвите.
2. Челабинскиот метеорит
На 15 февруари светот зборуваше само за Челабинск. На овој ден, околу 09:20 часот во близина на градот на висина од 15-25 километри падна метеорит. 10-тонското небесно тело влезе во атмосферата со брзина од 18,6 км / сек и се разнесе на илјадници парчиња. Најтешкиот од нив достигна половина тон.
3. Најголемиот телескоп во историјата на астрономијата
На 13 март во чилеанската пустина Атакама – најдоброто суво место на Земјата – се одржа официјалното отворање на најмоќниот телескоп во светот. ALMA (од англиски – Atacama Large Millimeter / submillimeter Array) се смета за еден од најамбициозните проекти на XXI век. Со него, научниците сакаат да ги истражуваат процесите низ кои поминале луѓето неколку милиони години по Биг Бенг. Комплексот се состои од 66 радиотелескопа, од кои секој доловува сигнали поединечно, и потоа „поднесува ” податоци на суперкомпјутер кој се справува со сите резултати заедно. Изградбата на ALMA траела 10 години и чини над 1 милијарда долари.
4. Популацијата на панди се стабилизира
До крајот на XX век бројот на џиновски панди се намалува значително. Со оглед на тоа дека нивната сезона на парење трае само 15-25 дена во годината, во услови на климатски промени и намалувањето на бамбусовите шуми репродукцијата им стана уште потешка. Пандите се вклучени во Црвената книга, а нивниот број се проценува на околу 1 600 примероци. На 22 јуни волонтерската организација Wolong излезе со радосна порака: на виделина се појавија две мали – првите родени во 2013 година. Еден месец подоцна, на 15 јули, во зоолошката градина во Атланта, исто така имаше две бебиња родени со вештачко оплодување. И на 23 август во светот се роди уште една панда во Националната зоолошка градина во Вашингтон.
5. Одбрани беа првите доброволци за мисија до Марс
Од 6100 волонтери кои учествуваа во конкурсот што го распиша НАСА, само осум луѓе одат на Марс – четворица мажи и четири жени. Сите се Американци на возраст од 34-39 години . Мисијата за слетување на Црвената планета е планирана за 2020 година. Ова е еден амбициозен проект на НАСА, на кој беа потрошени над 6,1 милијарди долари во изминатата деценија.
6. Беа откриени нови видови на животни
На 15 август американскиот зоолог Кристофер Хелге направи сензационална изјава по повод откривањето на нов вид животно, наречено „olinguito“. Тоа живее во дождовните шуми на Еквадор и Колумбија. Ова животно е од семејството на Raccoon и припаѓа на родот Olinga. Неговата висина е 40 инчи, а тежината – околу еден килограм.
7. Креирано беше првото вештачко месо
На 5 август светската заедница стана сведок на месо одгледано во лабораторија, со тежина од 140 грама . Поконкретно – стек. Создаден со помош на матични клетки на лабораториски крави на Универзитетот во Мастрихт (Холандија), ова месо во иднина може да стане алтернатива на храната. Сепак, неговото производство се уште е во позиција , која не дозволува комерцијална употреба.
8. Пронајден е нов (втор по ред најголем) вулкан на Земјата
Во почетокот на септември, група од геофизици од универзитетот Texas A & M University излезе со сензационална изјава – на дното на Тихиот Океан научниците откриле огромен вулкан, кој е најголем на планетата и втор по големина во Сончевиот систем. Наречен Таму (кратенка на универзитетот), вулканот се наоѓа на околу 1.600 километри од Јапонија. Оваа низа се формирала пред околу 145 милиони години. Таму била откриена за време на истражувачката експедиција која започна пред три години. Истражувањето на дното на Тихиот Океан со бродот Marcus G. Langseth, покажа дека вулканската висорамнина е со површина повеќе од 260 000 квадратни километри. Патем, најголемиот познат вулкан во Сончевиот систем – Олимп на Марс, е само 20 проценти поголем од Таму.