Најголемите мистерии во човековата историја

Изгубениот град Атлантида

Изгубениот град на Атлантида е една од најстарите и најголеми мистерии во историјата на човештвото. Од античките времиња, луѓето се обидувале да ја истражуваат Атлантида,  за која се смета дека е потопена по земјотрес и цунами. Грчкиот филозоф Платон го опишал градот како голем остров, кој се наоѓа во близина на скалата на Гибралтар, дом на напредната цивилизација. Се ерува дека, во градот имало раскошна палата, Храмот на Посејдон и ѕидови и канали. До денес, сепак, никој не го открил Атлантис – иако постојат многу теории за неговата можна локација. Безброј историски истражувачи направиле бројни експедиции во потрага по потонатиот  град, но дали тој се наоѓа  е во Јужна Америка (како што неодамна беше објавено), во близина на грчките острови или некаде околу Антарктикот? Атлантида и натаму останува мистерија и една од најголемите мистерии во човековата  историја.

Човекови тела што не се распаѓаат

Се работи за зачувани  човечки трупови пронајдени во мочуриштето Сфангум во Северна Европа. Наместо да ги разградува, мочуриштето им ја задржало кожата и внатрешните органи релативно непроменети. Илјадниците пронајдени тела датираат од  железното доба и кај многу од нив се откриени знаци за насилна смрт. Широко распространето е мислењето дека тие се принесувале како жртви за време на паганските ритуали или пак тоа е некаква форма на казна за престапниците. Сепак нема убедливи докази за тоа зошто илјадниците тела се фрлени. Вакви тела се откриени  низ цела Германија, Ирска, Велика Британија, Холандија и Данска.

Џек Мевосек

Идентитетот на озлогласениот криминалец на сите времиња – Џек Мевосек, се уште останува една од најголемите мистерии во историјата на криминалот. Серискиот убиец кој што предизвикува масовна хистерија во Лондон во периодот меѓу август и ноември 1888 година, е одговорен за бруталните убиства на најмалку пет проститутки во градот. Сето останато – идентитетот на сторителот, бројот на жртвите, како и начинот на убивање и мистериозни писма кои се испраќаат до полицијата – е нејасно. Постојат и  сосема различни теории, вклучувајќи и таква, која смета дека виновникот е од кралското семејство.

Стоунхенџ

Стоунхенџ се издвојува во целата своја убава и мистериозна слава врз рамнината воАнглија. Таму се наоѓаат бројни врежани камења, наредени еден врз друг. Археолозите констатирале дека тие се од пред 2500 – 3000 п.н.е. и веруваат дека конструкцијата била подигната од неолитски жители. Целта и начинот на создавање на Стоунхенџ се уште останува една од најпознатите  и најголеми мистерии на човечката историја. Некои сметаат дека тоа е доказ за туѓа инвазија или е место полно со лековита моќ. Најмногу општо прифатена теорија е дека Стоунхенџ се гробишта. Тоа беше поддржано од археолошки докази во 2008 година, кога беа пронајдени кремирани остатоци околу местото кои соодвестуваат  со очекуваниот датум на создавање на Стоунхенџ.

Кралот Артур

Кралот Артур, со мечот во каменот, неговиот верен волшебник Мерлин и тркалезната маса на витезите – многу легенди и митови се поврзани со него. Очигледно сепак целата приказна е фикција, која е формирана со цел да се подигне моралот на англиските војници. Според митологијата Артур е царот, кој ги победил Саксонците и создал империја, што се протегала над Англија, Ирска, Исланд, Норвешка и Галија во шестиот век. Иако нема вистински доказ дека таков човек  постоел, историчарите продолжуваат да се расправаат. Постојат докази кои покажуваат дека Артур содржи најмногу црти од римскиот командант Луциј Артуриост, кој што живеел во вториот век.

- Реклама -