Најголемите инсекти во светот

Повеќе... Инсектите знаат да не извадат од кожа. Комарци, муви, пајаци… Лазат, касаат и зујат, ги избегнуваме, не ги сакаме да ни бидат дома, некои имаат и фобија од нив. Но што е полошо од една малечка бубачка што лази или каса? Што ќе кажете на некоја навистина, навистина гооолема?


Инсектите знаат да не извадат од кожа. Комарци, муви, пајаци… Лазат,
касаат и зујат, ги избегнуваме, не ги сакаме да ни бидат дома, некои
имаат и фобија од нив. Но што е полошо од една малечка бубачка што лази
или каса? Што ќе кажете на некоја навистина, навистина гооолема?

Belostomatidae
belostomatidae.jpg

Belostomatidae е фамилија на инсекти познати како “џиновски водени инсекти“ или „касачи на стапала“ како што колоквијално ги нарекуваат на некои места. Тие се безмилосни предатори кои ги демнат, ловат и се хранат со ракчињата, рибите и водоземците кои ќе им се најдат на патот. Често остануваат неподвижни на дното, закачени на различни објекти каде го чекаат да се приближи пленот, потоа напаѓаат, инјектирајќи ја моќната дигестивна плунка и во буквална смисла го вшмукуваат пленот. Нивниот касај се смета за најболен кој може да го нанесе некој инсект. Повремено, кога ќе се соочат со поголем предатор од нив, како на пр. човекот, познати се по тоа што глумат дека се мртви и испуштаат течност од нивниот анус за да изгледаат како помалку вкусен плен. После тоа, откако точката ќе им заврши, тие оживуваат, но со болни резултати за човекот кој наидел на нив.

Молец Атлас (Attacus Atlas)
atlasmoth3.jpg

Атласот се смета за најголем молец во светот. Обсегот на неговите крила е често поголем и од 30 сантиметри. Името го добиле или според Титанот во грчката митологија или заради шарата на нивните крила која изгледа како мапа. Овие големи молци се несигурни летачи и женките не се движат подалеку од нивната напуштена кожурка од ларва. Живеат во тропските и субтропските шуми на Југоисточна Азија.

Гигантски пајак-камила
camelspider01.jpg

Оваа фотографија е направена во пустинскиот дел надвор од Багдад. Ирачкиот гигантски пајак-камила е пронајден во вреќите за спиење на американските војници. За среќа, овој пустински пајак не е отровен или на друг начин опасен. Но е многу БРЗ. Познато е дека трча со брзина од 10 милји (16км) на час.

Големо подвижно гранче
stickbug.jpg

Ваквите инсекти, верувале или не, се навистина добри тропски миленици за кои е многу лесно да се грижите. Индиските инсекти-стапчиња се сите од женски пол, се размножуваат преку партеногенеза и не им е потребно друштво или партнер за парење. Понекогаш полу-мажјак полу-женка може да се одгледа во заробеништво, но никогаш целосен мажјак. Ја отфрлаат својата кожа која може да ја изедат, после шестото лупење положуваат јајца.

Најголемата пеперутка на светот (Ornithoptera alexandrae)

queenalexandra1.jpgqueenalexandra2.jpg
Овој вид пеперутка го добила името од лордот Волтер Ротчајлд во 1907-та кој ја нарекол во чест на кралицата Александра, сопругата на кралот на Англија – Едвард VII. Опсегот на крилата на женските примероци од овој вид може да достигне големина до 36 сантиметри, должина на телото им е 8-10 cm, а нивната тежина може да достигне 18-32
грама што се навистина енормно големи пропорции за една пеперутка и, всушност, многу повеќе својствени кај помалите птици. Живеалиштето на Queen Alexandra’s Birdwing, како што е вистинското име на оваа пеперутка-птицокрилец, се наоѓа во Оро провинцијата во источна Папуа Нова Гвинеја и (за жал) овој вид денес се смета за загрозен.

Голијат бумбар
goliathbeetle.jpg

Овие бумбари се едни од најтешките инсекти на нашата планета. Живеат во Африка. Нивните возрасни примероци во тежок оклоп толку се големи што кога летаат, прават звук сличен на играчка хеликоптер во лет.Тие се мршојади и се хранат со гнило овошје, зеленчук и фекалии од животните од џунглата.

Гигантска [[Weta|Вета]]
giantweta.jpg

Името Weta се однесува на околу 70 видови на ендемични инсекти кои можат да се најдат на Нов Зеланд. Има повеќе слични видови околу светот, но повеќето од нив се наоѓаат на северната хемисфера. Името Weta доаѓа од јазикот на Маорите и значи (во слободен превод) „Богот на грдите нешта“. Е сега, Weta се големи според стандардите за инсектите. Можат да тежат повеќе од 70 грама што ги прави едни од најтешките документирани инсекти во светот за кој знаеме. Гигантската Вета не може ни да скокне поради нејзината тежина и затоа се крие под карпите.

- Реклама -