Најголемиот кросовер на Opel ќе се произведува во Германија

Во официјално обраќање до медиумите, што се однесува на SUV палетата на Opel, брендот потврди дека до крајот на деценијата ќе пушти трет ваков модел, кој ќе ја преземе предводничката позиција во палетата.

Тој ќе се произведува во Риселсхајм и според различни извори, ќе дели доста компоненти со Peugeot 5008. Причината за тоа е преминувањето на германската марка во редовите на PSA Group претходно оваа година. Други поединости нема, а како стојат работите конечно по толку долго време се очекува замена за некогаш навистина мошне посакуваната Frontera.

Друга архитектура на француската компанија, онаа на Citroen C3 Aircross, ќе биде употребена за следната генерација на бестселерот Mokka X. Деталите околу него исто така се малку, но можеме да очекуваме неговото појавување пред онаа на целосно новиот SUV, со други зборови во 2019 година.

Автоплус

- Реклама -