Заробен најголемиот крокодил до сега

Крокодилот Лолонг, кој има убиено луѓе и е страв и трепет кај локалното население, поставил Гинисов Светски Рекорд како најголемиот крокодил кој живее во заробеништво.

Лолонг е долг 6.17 метри, тежи повеќе од еден тон и е одговорен за смртта на неколку луѓе пред неговото заробување во градот Бунаван во јужните Филипини во септември 2011. И иако оттогаш Лолонг има привлечено туристи во малиот град, неговото заробување поттикнало и страв дека тој можеби и не е единствениот џиновски крокодил во околината.

„Имавме измешани чувства“ изјавил Едвин Кокс Елорд, градоначалник на Бунаван. „Навистина сме горди бидејќи крокодилот е доказ за богатиот биодиверзитет на нашиот град но истовремено сме исплашени бидејќи е можно Лолонг да не бил осамен.“ Всушност Елорд вели дека забележал уште поголем крокодил кој избегал за време на ловот во кој бил фатен Лолонг.

Била потребна комбинација од јажиња и кранови за фаќање на крокодилот по кој била запчната потрага по смртта на едно дете и исчезнување на рибар во 2009 година. Лолонг бил именуван по претставник на власта кој умрел од срцев удар на пат кон Бунаван за помагање со ловот. Од неговото заробување Лолонг станал туристичка атракција и ѕвезда на нов центар за истражување и екотуризам во градот.

- Реклама -