Најголемиот донатор на сперма во Европа: Им спие со жените, а сопрузите се благодарни за тоа

Ед Хубен, дежурен донатор на сперма од Холандија, веќе 12 години со своите донации ги усреќува паровите на кои тоа им е потребно. Тоа го прави бесплатно, чисто заради неговата неограничена великодушност – во превод, заради задоволството што работата му го овозможува. Имено, тој донира на олд-скул начин, со тоа што спие со жените кои сакаат да затруднат.

Наскоро, го очекува јубилеј – на свет ќе пристигне неговото 100-то дете.

q8kjjdqmis1jsujabs1a[1]

Хубен бил невин до 34-тата година од својот живот, а сега пружа услуги и на хетеросексуални и на хомосексуални парови, достигнувајќи просек од 15 жени месечно. Предноста што Хубен ја има пред клиниките за вештачко оплодување е… цената, се разбира.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Секој би помислил дека мажите на неговите клиентки мора да се љубоморни на тоа што Хубен спие со нив. Но, барем како што тврди тој, тоа не е случај. „Неодамна ме посети еден пар. Беа овде 3 пати, а сега имаат дете. Тоа е причината што овие мажи ја немаат помислата: Жена ми спиела со странец“, вели тој.

Хубен, во меѓувреме, сонува дека ќе ја пронајде љубовта за која мечтае цел живот и дека таа ќе биде следната што ќе му роди дете.

- Реклама -