Смирениот фудбалер, 38-годишниот Дејвид Бекам, ужива во секој момент поминат заедно со неговите деца. Така тој вчера ги однесе во калифорнискиот Legoland.
Посебно возбудена беше неговата малечка 2-годишна ќерка Харпер, која седеше на рамениците на нејзиниот татко и изгледаше како вистинска мала дама.
Иако ова семејство е чсто забележано како ужива заедно, сепак овој пат Викторија не беше со нив. Неодамна целото семејство беше забележано како ужива во заедничко јавање на коњи.