Најголемата грешка на телевизија во живо

guygoma_hed[1]

И на најголемите им се случува да згрешат, ама вака – ретко.

Пред десет години, на 8 мај 2006-та, новинарката Карен Боверман од британскиот телевизиски гигант Би-Би-Си требаше да прави интервју со експертот по технологија – Гај Кивни. Интервјуто помина одлично, ама со сосема друга личност.

…Тој ден, еден друг Гај се најде во зградата на Би-Би-Си. Овој беше Гај Гома – компјутерски техничар од Народна република Конго, и беше дојден во Би-Би-Си на разговор за работа.

Арно ама, продуцентот дошол до него и го прашал: „Ти ли си Гај?“. Овој одговорил потврдно, а веќе во наредниот момент, на негова голема забуна, се нашол во студиото пред камерите, озвучен со микрофони. Првично мислем дека е тоа некаков тест во склоп на разговорот за работа, ама кога новинарката го претставила како Гај Кивни, му станало јасно дека нешто не е во ред.

Сепак, Гај Гома реши да биде храбар и да покаже што знае, па проба да одговори на сите прашања. Зборуваше дури и за несогласувањата помеѓу Apple Corps и тогашната Apple Computera, а притоа случајно предвиде и дека еден ден ќе настанат интернет сервиси од типот на Spotify, Netflix и iTunes.

Јасно, Гома стана ѕвезда, а неговиот настап е обележан како „најголема грешка пред камерите на сите времиња“. Штета што не ја добил работата, затоа што на вистинското интервју за работа не се покажал подеднакво брилијантен.

- Реклама -