Во својата кампања, кандидатот за претседател на Америка, Мит Ромни неколку пати потенцираше дека ќе ги скрати средствата во буџетот за јавниот ТВ сервис PBS, во обид да го балансира буџетот. Познатиот физичар, Нил Деграс Тајсон, го исмеја овој потег велејќи: „Да кратите средства од PBS за да го балансирате буџетот, е исто како да бришете текстуални фајлови за да направите место на хард дискот од 300 гигабајти“. Но, тој не беше единствениот.
Од изборниот штаб на Демократите решија да го искористат овој непромислен потег на републиканскиот кандидат и снимија реклама во која се разоткрива вистинскиот непријател на Америка – Големата птица.
{youtube}bZxs09eV-Vc{/youtube}