Најглупиот „изум“ на векот, дами и господа (ВИДЕО)

Аргентинската компанија за презервативи и секс играчки – Tulipan, претстави кондом кој може да се отвори само со четири раце, т.е. само со согласност и од другата страна, затоа што сè друго е силување, се разбира. И на самите кондоми пишува: „Ако не е ДА, тогаш е НЕ“. Маестрално, нели?

Силувачите се збунети и насекирани – како ли ќе го отворат картонското кутивче со истовремено притискање на 8-те копчиња, кога имаат само две раце? Отсега изгледа ќе мораат да силуваат во парови…

Од друга страна, еден помал дел од нив новите кондоми ги дочекаа со голем интерес, како продукт што ќе им пружи дупло задоволство. Покрај жените, сега ќе им се опираат и кондомите, велат…

 

 

- Реклама -