Мислите дека видео игрите го уништуваат вашиот социјален живот? Така смета и Ерик Еставило, сериски тужибаба кој е убеден дека е потполно во право кога поднесе тужба против компанијата Blizzard, односно творците на познатиот World of Warcraft серијалот, заради тоа што направиле видео игра која предизвикува депресија и изолација.

Еставило само сака да му се овозможи неговата „потрага по среќата“, заради која веќе ја тужеше компанијата Nintendo, која го исклучи од Wii мрежата бидејќи имал пиратска верзија од играта Super Mario Galaxy.
Сега на ред дојде компанијата Blizzard, а мудриот Ерик за сведоци на судењето ги повика основачот на музичката група Depeche Mode, Мартин Ли Гор, и актерката Винона Рајдер. Зошто баш нив?
Многу едноставно. Гор е повикан заради тоа што пишува „тажни, осаменички и отуѓени песни“, па така е квалификуван за да биде сведок. Винона, пак, е повикана бидејќи една од нејзините омилени книги е „Ловец во ‘ржта“ од Џ. Д. Селинџер, што би значело дека е во состојба да посведочи дека отуѓувањето опишано во книгата е слично на отуѓувањето коe го преживуваат играчите на WoW.
Покрај сите овие урнебесни податоци, најсмешно е деталното објаснување на Ерик што му згрешила компанијата Blizzard: „Blizzard направи ликови кои одат и трчаат во така пресметано бавен ритам, што тоа резултира на играчот да му биде потребно повеќе време за да стигне таму кај што наумил, а тоа упропастува поголем дел од неговиот ден.“ [Winona Ryder, Depeche Mode Factor in WOW Lawsuit]