Најгледаната фудбалска лига во Европа, без публика до 31 август!

Германската канцеларка Ангела Меркел, одржа телефонска конференција со челниците на сојузните покраини, и донесени се неколку одлуки, меѓу кои и да нема јавни собири до 31 август, па фудбалската Бундеслига ќе мора да се игра без присуство на навивачи.

За Меркел, Бундеслигата не е најголемиот проблем во Германија, па одлучено е забраната за јавни собири да трае до 31 август, што значи дека публика на трибините ќе нема најмалку до почетокот на септември. Властите во Германија сметаат дека ако се дозволат јавни собири, може да има голема опасност од ширење на корона-вирусот.

Челниците на Бундеслигата ќе одржат состанок на 23 април, и тогаш се очекува да се одреди датум кога би продолжило првенството. Некои клубови почнаа со тренинзи, па најрано во средината на мај можеби повторно ќе се игра на германските стадиони, каде се игра прволигашки фудбал.

Бундеслигата е најгледана лига во Европа според бројноста и процентот на исполнетост на стадионите, па ова е голем удар за фановите, но и за клубовите на кои ќе им се скратат многу приходи кои ги имаа од продажба на билети.

- Реклама -