Најфраерскиот сончев часовник

digital-sundial-that-you-can-3d-print-yourself-by-mojoptix-1

Тоа е тоа, го прогласуваме овој камперски (?) часовник за најфраерски на сите времиња. Сончев часовник и не е нешто посебно хај-тек, ама овој е исклучок. Прилично едноставен по начинот на функционирање, а дигитален – направен е со помош на најновата технологија на 3D печатење и компјутерски модел, а работи така што пропушта светлина низ дупчиња поставени под совршен агол, за да го испишуваат времето од 10:00 до 16:00 часот (часовите кога има сонце), на интервали од 20 минути. Дело е на Французинот Моjoptix.

Потребни состојки
Потребните состојки

Во согласност со културата на споделување на 3D принтинг иноваторите, и Mojoptix споделува туторијал со детали за начинот на работа и изработката, а ги сподели и фајловите потребни за да си испринтате и сами (ако имате 3D принтер, се разбира) – за такво нешто би ви биле потребни околу 30 часа. Во меѓувреме, Французинот го продава својот часовник за 69 долари од парче, во случај да сакате некој да ви го купи.

Туторијал:

- Реклама -