Секој од нас барем еднаш налетал на наслов „Најскапото пиво во светот“. Во моментов, носител на таа титула е “Antarctic Nail Ale”, едно шише чини 800 американски долари, пиво направено со мраз од Антарктикот, сериозно.
Но, на спротивниот крај на скалата работите се малку покомплицирани. Кое е најевтиното пиво во светот? Ако го бараме најевтиното пиво во светот, би требало да го побараме во Виетнам. Биа Хои, кое може да се најде во Ханој, е пиво за луѓето со мал буџет. Најчестиот опис на пивото е „изгледа и има вкус како Bud Light“, а неговата цена е 3000 виетнамски донг (околу 7 денари) за чаша од 355 милилитри.
Туристи кои го бараат ова пиво при посетета на Ханој треба да побараат еден од знаците на кои пишува ‘Bai Hoi’ или ‘Fresh Beer’ кои се распоредени низ целиот град. Fresh Beer (Свежо Пиво) е всушност превод на виетнамското име Bai Hoi, и пивото навистина е свежо и се подготвува секојдневно. Значи, следниот пат кога ќе се најдете во виетнамскиот главен град со желба да се освежите, посетете било кое од десетината места во кои се служи најевтиното пиво во светот.