12-та година по ред, британската Post Office Travel Money спроведе истражување со цел да утврди кои од зимските/ски центри во Европа се најповолни за туристите. Како појдовна точка е земен престој од 6 ноќевања, со вклучена ски карта, опрема, часови, храна, ама и кафе, пиво и вино.
Многумина нема да бидат изненадени од резултатот. Убедливо на првото место на скалата на најевтини ресорти стои бугарското Банско. Првокласниот ски-ресорт нуди стази на висина од 900 до 2.600 метри, а за само 300 до 400 евра по човек можете да поминете недела дена на зимување, заклучува истражувањето.
„Нема сомневање дека Бугарија е сјајна дестинација за оние со ограничен буџет за зимување. Не само што цените во Банско се за 10 отсто поевтини од најблиската конкуренција, туку и опремата и ски картата се за третина поевтини отколку во остатокот на Европа. Банско е идеално за почетници, но нуди и напредни стази за оние кои одамна се вешти во скијање“, вели Ендрју Браун од Post Office Travel Money.
Во последниве години голем интерес има и за Италија, најмногу затоа што таму цените на зимувањата значително опаднаа. Така, дури 4 италијански ресорти се најдоа во топ 10-те најевтини во Европа: Sestriere, Bardonecchia, Cervinia и La Thuile.
На листата на најевтини се и Крањска Гора во Словенија, Vemdalen во Шведска, Rauris и Ellmau во Австрија, како и Soldeu во Андора.
Листата на најевтините 25 ски дестинации можете да ја видите ОВДЕ, а текстот можете да го прочитате ОВДЕ.