Изненадувачки но некои градови во Европа се релативно евтини места за поминување на летниот одмор. Со анализирање на цената на хотелскиот престој, оброци, патување и активности во популарните дестинации.
Прага
И покрај популарноста овој град стар илјада години е една од најекономичните дестинации. Прага е дваесетата најевтина дестинација во светот, изненадувачки со оглед на тоа што градот е петиот најпосетен во Европа. Просечната цена за едноноќен престој е околу 197 евра за две лица.
Даблин
Лесно е да се најде евтин хотел во Даблин. Во овој град можете да најдете хотел за помалку од 120 евра по ноќ. Дополнително Даблине е полс со бесплатни атракции како Националниот Музеј на Ирска, Националните Ботанички Градини и Ирскиот Музеј на Модерна Уметност.
Варшава
Јасно е дека престој во Источна Европа ќе биде поевтин од остатокот од континентот. Но од сите урбани центри во Источна Европа еден град се истакнува како рај за патувачи кои бараат луксузно сместување за малку пари. Главниот град на Полска нуди најмногу луксузни хотели за најниските цени. Престој во хотел со пет ѕвезди во Варшава чини, во просек, 103 долари за ноќ.
Рим
Со просечен ноќен престој од 150 евра хотелите во Рим се поевтини од повеќето туристички дестинации во Италија. А бидејќи градот е најголемиот меѓународен транспортен центар во Италија, летовите до таму се исто така поевтини.
Лисабон
Португалија е далеку пеовтино место за посетување од соседна Шпанија. Главниот град Лисабон не е исклучок но нуди доста атракции: прекрасен поглед на морето, преубави плажи, улици со стара калдрма, Готски катедрали. Цената на едноноќен престој во хотел со четири ѕвезди е во просек 103 евра а културните атракции нудат беспалатен влез во недела.
Будимпешта
Цена на едноноќен престој во хотел со четири ѕвезди, еден коктел по лице, вечера со шише вино и такси транспорт во Будимпешта е 154 евра. Хотел Палацо Зичи кој е оценет како втор најдобар од 333 хотели во градот нуди престој почнувајќи од 59 евра по ноќ и тоа за време на летната туристичка сезона.
Бирмингем
Лондон е еден од најскапите градови во Европа, особено сега со Олимписките Игри. Затоа избегнете го главниот град и упатете се кон вториот најголем град – Бирмингем. Овој историски урбан центар е испреплетен со канали и полн со класични британски пабови. Градот исто така ги има и најниските хотелски цени во Британија.
Берлин
Берлин е рангиран како еден од најевтините градови за луксузни хотели во светот. Просечната цнеа на луксузен престој во Берлин во 2011 беше 157 евра од ноќ. А останатите хотели имаат уште подобри просечни цени од 76 евра по ноќ што е далеку подобро од останатите врвни дестинации – споредено со 171 евра за Њујорк, 134 за London и 114 евра за Париз.