Чевлите се исклучително елегантни и секоја дама треба да има барем еден пар во нејзината гардероба.Сепак, соодветната висина, најмногу зависи од вкусот и можностите на дамата да се справи со нив, но има и дизајнери кои навистина претеруваат и прават апсолутно екстремни чевли. Погледнете 10 марки високи чевли, кои се познати по својата ексцентричност:
Alexander McQueen
Тој е познат по лудите чевли. Неговите модели се сè друго, но не и конвенционални.
Atsuko Kudo
Ако барате не само високи, туку ултрависоки чевли, овој бренд е создаден за вас.
Noritaka Tatehana
Тие се повеќе уметничко дело и предизвик за имагинација отколку чевли кои реално можете да носите.
John Galliano
Со овие чевли одите на забава, го „зафаќате“ сепарето и останувате таму.
Andrea Chaves
Уште еден бренд, каде што целта е да се истакне имагинацијата , а не тоа да бидат практични.
Balenciaga
Доколку сакте високи и дебели потпетици.
Nicholas Kirkwood
Дефинирајте сами.
Jeffrey Campbell
Специфични се по употреба на дрво низ голем број дизајни, иако не е реално јасно како воопшто некој може да чекори на нешто вакво.
Christian Louboutin
Брендот има модели за сечиј вкус, се разбира, сите тие се многу високи и со црвен ѓон.
Vivienne Westwood
Ако зборуваме за откачени модели не можеме да поминеме без Вивиен Вествуд.