Големите луѓе низ поновата историја обично биле големи затоа што ги бивало со зборови. А кога некој го бива со зборови, обично го бива и за навреди. Еве мала колекција од „најкрвавите“.
1. „Таа (жена) зборува 18 јазици, и не знае да каже НЕ на ниту еден од нив“ – Дороти Паркер
2. „Слухот за музика му е ко на Ван Гог“ – Били Вајлдер
3. „Што и да мораат да прават жените, мораат да го прават дупло подобро од мажите за да бидат сметани за барем половина добри како нив… За среќа, тоа не е тешко“ – Шарлот Витон
4. (Откако пијан маж искоментирал “Не можам да трпам будали“)
„Очигледно мајка ти можела“ – Дороти Паркер
5. „Политичар е газ врз кој сé и сешто има седнато, освен човек“ – Е.Е. Камингс
6. „Никој не мислеше дека Мел Гибсон може да глуми Шкотланѓанец, ама ете го сега! Алкохоличар и расист!“ – Френки Бојл
7. „Никогаш не заборавам лица, но во твојот случај ќе направам исклучок“ – Гручо Маркс
8. „Низ многуте мои години наназад, дојдов до заклучок дека еден бескорисен маж е штета, двајца се правна фирма, а три или повеќе се Конгрес“ – Џон Адамс
9. „Ако мозоците ви беа динамит, ќе немаше доволно ни за да ви ги оддуваат шапките од главите“ – Курт Вонегат
10. „Мајка му требала да го фрли него и да го задржи штркот“ – Мае Вест
11. Кога го прашале што мисли за западната цивилизација: „Мислам дека е добра идеја“ – Махатма Ганди
11. „Бевме во среќен брак 8 месеци. За жал, бракот траеше 4 и пол години“ – Ник Фалдо
12. Кога го прашале колку луѓе работат во Ватикан: „Околу половина“ – папата Јован XXIII
13. „На жените кои сакаат да бидат еднакви со мажите им фали амбиција“ – Тимоти Лири
14. „Напнатоста на неговото лице прави зрелото грозје да се исуши“ – Шекспир
15. „Американците секогаш се обидуваат да го направат правилното нешто… Откако ќе пробаат сé друго“ – Винстон Черчил