Најдовме ли вода на сателитот Европа и што значи тоа за нас?

europa-suspect-plumes[1]

Важни вести на полето на потрага по вонземски живот: Џиновските гејзери на Европа (месечината на Јупитер) изгледа се вистински.

Кон крајот на 2012, телескопот Хабл забележа нешта што се чинеше дека се 200 километри високи гејзери од водена пареа кои избиваа од јужниот поларен регион на Европа. Вестите беа пречекани со голем ентузијазам, бидејќи за астробиолозоите сугерираа дека на Европа ќе може да биде испратена роботска сонда што ќе може да земе примерок од огромниот океан на Европа – кој лежи под нејзината со километри дебела ледена обвивка – дури и без воопшто да слетува.

Но астробиолозите некое време беа оставени на цедило. Опсервациите од 2012 не можеа да бидат повторени, и покрај многуте обиди на Хабл. Сé до неодамна, за што НАСА се пофали на официјалната прес-конференција во понеделникот.

Тим научници воден од Вилијам Спаркс од Space Telescope Science институтот во Балтимор, го искористи Хабл за потрага по водени испарувања на Европа во 10 одделни наврати, во период од 15 месеци. Тоа го направи успешно 3 пати, забележувајќи активност во јануари, март и април 2014.

„Сé чини дека се вистински“, рече Спаркс на вчерашната прес-конференција. „Статистичката знајачност е прилично добра, и не знам за било каква друга природна алтернатива“. Сепак, Спаркс избегна да ги претстави овие детекции како дефинитивна потврда дека на Европа има водени испарувања.

Зошто? Затоа што овие детекции беа направени кога Европа помина пред Јупитер, од перспектива на Хабл, а материјалот од испарувањата се чинеше дека ја блокира ултравиолетовата светлина што доаѓа од џиновската планета. Со други зборови, опсервациите што Хабл ги направи се таму некаде на граница на можностите на телескопот.

„Остануваме претпазливи“, рече Спаркс. „Проблемот е што можеби постои нешто што не го разбираме за инструментот, или за нашиот модел на сцената, или за тоа како Европа изгледа во ултравиолетова светлина“.

„Анализирањето на податоците од Хабл е исто така комплексен процес, што објаснува зошто тимот дури сега ги открива детекциите за јавноста, повеќе од 2 години откако се направени“, додаде Спаркс.

Прочитајте и:  Нови снимки од Јупитер, веројатно најдобрите досега

Од друга страна, детекциите од 2012 пак, кои всушност беа објавени во декември 2013, беа направени од друг истражувачки тим, воден од Лоренц Рот од Southwest Research Institute од Сан Антонио. Рот и неговите колеги користеа различен метод за да го забележат наводното испарување, но опсервациите на тимовите фино се совпаѓаат во делот за тоа дека испарувањето е високо 125 милји и во центарот на јужните предели на Европа.

Две различни опсервации на Европа, од 2012 и 2014, направени со два различни метода, од два различни тима
Двете различни опсервации на Европа, од 2012 и 2014, направени со два различни метода, од два различни тима.

Веројатноста за постоење на водени гејзери би требало да го забрза планирањето на мисија на Европа, која НАСА планира да ја лансира во 2020-тите. Мисијата е предвидено да орбитира околу Јупитер и на неколку наврати во период од неколку години да прелета крај месечината Европа, во обид да научи повеќе за океанот на Европа и неговиот потенцијал да поддржува живот каков што ние го знаеме.

„Денешните резултати ја зголемуваат нашата доверба дека водата и други материјали од океанот на Европа – скриениот океан на Европа, скриен под километри мраз – може да се најдат на површината на Европа и да бидат достапни за нас да ги проучуваме, без слетување и копање преку тие непознати милји од мраз“, рече Пол Херц – директор на астрофизичкиот оддел на НАСА во Вашингтон.

This illustration of ridges and fractures on Europa shows one possible way that water could reach Europa’s surface. Chloride salts in the underground ocean bubble up to the moon's frozen surface.
Илустрацијава покажува еден од можните начини за тоа како водата би можела да стигне до површината на Европа. Хлоридните соли од подводниот океан еруптираат во замрзнатата површина на месечината.

Комбинираните опсервации на Хабл исто така покажуваат и дека гејзерите на Европа, ако постојат, се непостојан феномен, т.е. дека се појавуваат на нерегуларни интервали. Ако научниците успешно научат кога и зошто еруптираат овие гејзери, идната мисија на НАСА можеби ќе може дури и да прелета низ овие испарувања.

„Едно од најголемите непознавања што ги имаме околу овие наводни гејзери е нивниот тајминг“, вели Курт Нијбур – од програмата за Европа на НАСА. „И сметам дека што повеќе опсервации можеме да направиме со Хабл и JWST (телескопот James Webb Space Telescope, кој НАСА ќе планира да го лансира во 2018) за да го разбереме тоа, толку подобро можеме да конструираме распоред за тоа кога да трагаме по овие испарувања одблизу, додека мисијата ја прелетува Европа“.

- Реклама -