Најдолгиот мост на светот

Повеќе... Конструкцијата на она што ќе биде најдолгиот мост на светот ќе започне идната година, тој ќе ги поврзува Катар и Бахреин, ќе биде долг повеќе од 40 km, а во неговата изградба ќе бидат вложени околу 3 милијарди долари.


Конструкцијата на она што ќе биде најдолгиот мост на светот ќе започне идната година, тој ќе ги поврзува Катар и Бахреин, ќе биде долг повеќе од 40 km, а во неговата изградба ќе бидат вложени околу 3 милијарди долари.

500x_bahrain-qatar_causeway.jpg

Наречен „Мостот на пријателството меѓу Катар и Бахреин“, овој масивен мост се очекува да биде изграден за околу 4 до 5 години и тој значително ќе го намали времето за патување помеѓу овие две земји. Патувањето од едното до другото место моментално трае повеќе од 4 часа, а со подигањето на мостот тоа ќе се намали до 30 минути. Во структурата ќе биде вклучен автопат и железничка пруга. Кога ќе биде комплетиран овој грандиозен мост ќе стане најдолг во светот, со што ќе го надмине оној на езерото Поншантреин во САД, кој е долг 38km.

За да имате појасна претстава за каква грандиозна структура станува збор, еве еден цртеж кој го споредува мостот со други масивни нешта.

090924-inframena-bridges.png

- Реклама -