“Transient” е компилација од најдобрите снимки од летото 2017-та на stormchaser-от Дастин Фарел. Само во наведениот период, Фарел потрошил над 30 дена и пропатувал над 20.000 милји за да снима и фотографира бури. Сепак, бркањето бури не секогаш е исплатлив „спорт“, па на крајот повеќето снимки се од неговиот крај – Аризона. Како и да е, вредело. Повеќето снимки се некомпресиран материјал снимен со 1.000 фрејмови во секунда.
„Молњите се како снегулки, секоја е различна. Сфатив дека многу варираат во брзината. Имаше неверојатни молњи што не ги вклучив во компилацијата бидејќи дури и со 1000 фрејмови во секунда траат само еден фрем при плејбек (читај: нема ни да ги видиме). Исто така снимив и молњи што траат толку долго што се чини дека се компјутерски генерирани“, објаснува Фарел во описот на видеото.
Како и да е, повелете да уживате во најдоброто од вкупно 10-те терабајти снимен материјал.
PS. Три дена се мислевме кој скриншот да го ставиме на насловна. Еве ви ги сите, нека стојат тука.