Ги чистиме упорно и упорно, а секогаш ни се чини дека останува по некоја дамка. Прозорите се вистински предизвик за чистење. Но, се уште не сте го пробале нашиот рецепт.
Основата за правење средство за чистење прозори е оцетот. Сигурно многу домаќинки се обиделе со оцет и тоа релативно успешно, но ќе пробаме да го подобриме ефектот.
Користете го тајното оружје – пченкарно брашно. А еве го и рецептот за домашно средство за чистење прозори:
Спремете празно и исчистено шише со распрскувач. Потребни ви се и цедилка, жица за матење, сок од половина лимон, 1 лажица пченкарно брашно, половина шолја обичен оцет и половина шолја вода. И секако, стари весници.
Исцедете го лимонот, исцедете го сокот низ цедилка за да се ослободите од семките и парчињата лимон. Додајте ги оцетот и брашното и добро измешајте. Смесата ставете ја во шишето и додајте вода. Убаво истресете го шишето и вашето средство е спремно.
Пред употреба секогаш убаво истресете го шишето за смесата убаво да се измеша.