Најдобрите TED предавања, според основачот на TED

chris-anderson-at-tedglobal[1]

Кога започнаа, TED предавањата беа вистински хит и комплетно во согласност со слоганот – „Идеи што вреди да се споделат“. Како поминуваше време, сé повеќе предавања всушност беа околу идеи што… да се изразиме така – не вредеа да се споделат, а TED предавањата почнаа да стануват и мета на потсмев. Сега одново ги фалат дека се одлични (треба тоа да се провери).

Како и да е, во сите свои периоди на постоење, TED никогаш не остана без брилијантни говори и говорници.

Не многу одамна, рандом корисник на Quora.com ги праша луѓето кои се нивните топ 5 најдобри предавањa, од кои најмногу научиле. Меѓу тие што одговорија, веројатно на изненадување на сите, се појави и Крис Андерсон – основачот на TED Talks лично.

Секое од следниве пет се долги по околу 20-тина минути, и не очекуваме дека ќе имате слободно време за сите, па наш совет е да си го букмаркирате линков. Тука завршуваме со техникалии и му го отстапуваме просторот на Андерсон:

„(Ќе одговорам) Со задоволство, макар што бидете спремни за некои по малку чудни избори. Се сомневам дека некој друг од TED би ги избрал баш овие пет! Да видиме…

1. David Deutsch: Chemical scum that dream of distant quasars

Еве еден неортодоксен физичар што елоквентно аргументира околу моќта на знаењето… сето тоа врамено во неверојатен говор, полн со неочекувани пресврти. Дојч помогна да ме убеди дека знаењето е многу повеќе отколку само еден чуден еволутивен трик измислен од еден од видовите на Земјата.

2. Clay Shirky: Institutions vs. collaboration

Назад во 2005-та, Ширки зборуваше за тоа како интернет мрежата овозможува нови модели што треба да ги охрабрат институциите да „се откажат“ и да дозволат и на други да работат дел од нивната работа. Мислам дека помогна да нé убеди да ризикуваме да ги дадеме нашите најдобри говори онлајн – бесплатно.

3. Nancy Etcoff: Happiness and its surprises

Ова е едно од целата колекција од говори околу среќата, кои навистина го променија начинот на кој мислам, и всушност мислам дека ме направија посреќен. Науката на среќата е контраинтуитивна. Еткоф нуди одлично резиме. Оваа плејлиста  има многу повеќе.

4. Bryan Stevenson: We need to talk about an injustice

Брајан зборуваше на тешка тема – расипаниот правен систем на Америка – на начин што беше неверојатно моќен и приемчив. Тој ја доби најдолгата стоечка овација во историјата на TED. И од тогаш, до ден денес, не можам да ги извадам него и неговата кауза – од главата.

5. Steven Pinker and Rebecca Newberger Goldstein: The long reach of reason

Необичен говор, овој овде. Беше пренесен како Сократов дијалог. Заклучокот што го достигнуваат им е дека токму чистиот разум во огромна мера ја има обликувано историјата, иако некогаш му требаат стотици години. Ако светот го прифати овој поглед, би биле многу подобри во меѓусебното сослушување. Оваа верзија на говорот е во анимирана форма, заслуга на Cognitive’s Andrew Park“, завршува Андерсон.

- Реклама -