За жал, скопјани уште го чекаат паркот за урбани спортови на запуштениот простор под Железничка. Додека тоа се случи, можат барем да ги разгледаат најдобрите скејт паркови во светот, кои, ако размислите подобро и не се паркови туку мали скејт градови. Од Америка до Кина – со тротинет скејт по цел свет!

Ова урбано парче украсено со безброј графити е најголемиот отворен скејт парк во Франција. Необичниот стил го прави паркот уште попримамлив за скејтери од целиот свет и на сите им нуди поинакво доживување од она на обичните терени на кои навикнале.
Ова е најголемиот отворен бетонски скејт парк во светот. 15 800 квадратни метри уживање со курсеви за скејтери од почетно, средно и експертско ниво! А оние кои не ги интересира ваквата забава, веднаш до најголемиот скејт парк ќе го најдат најголемиот базен со бранови во светот, каде може да сурфате колку ви душа сака.
Одличен скејт парк што може да се пофали со површина од над 12 000m2, бетонска цевка широка 7,3m, како и најдоброто работно време – 24 часа дневно, 365 дена годишно! Како ова да не е доволно, во план е и затворен дел од паркот што треба да биде сместен на 6000m2.
На површина од 13 700m2 SMP е најголемиот скејт парк во Кина каде секоја година се одржува интернационално натпреварување наречено The Showdown. А за оние кои дошле да гледаат и да се забавуваат, тоа слободно може да го направат на 3700m2 големата платформа за гледачи.
Ова скејт царство изобилува со пречки, рампи, шипки, ѕидови… За разлика од повеќето вакви паркови на отворено, овој скејт парк има и затворен дел со рампи и со играчница, а Skate Lab организира и скејт училиште за почетно и средно ниво, како и летен скејт камп.
{youtube}s56XpCKs32c{/youtube}