Најдобрите плажи на Ситонија

Ситонија е мал полуостров во средината на Халкидики. На запад од Ситонија се наоѓа полуостровот Касандра, а на исток Света Гора или Атос; со коишто го формираат трозабецот по кој е препознатлив централниот дел на Грција.

Доколку вашиот одмор е токму на Ситонија, треба да знаете кои се најдобрите плажи…

Агиос Јоанис

Најдобри плажи на Ситонија

Плажата Агиос Јоанис се наоѓа јужно од гратчето Никити и се одликува со мека, песочна површина и чиста вода. Мирното опкружување, должината од преку 700 метри и релативно плитката вода ја прават идеална за семејно уживање. Посетителите ја имаат прогласено за една од најдобрите на Халкидики.

Агиа Кириаки

Најдобри плажи на Ситонија

Агиа Кириаки е запрепастувачки убава песочна плажа, долга речиси половина километар, со ситна песок, која се наоѓа на неколку километри јужно од Неа Мармарас. Се работи за една од помирните плажи.

Лагомандра

Најдобри плажи на Ситонија

Лагомандра всушност е спој на две плажи на кои им е доделено „сино знаменце“, што значи дека се официјално прогласени за едни од најчистите и најубавите во Грција. Водата е тиркизно сина, а песокта е исклучително мека. Оваа плажа е организирана, со лежалки и чадори (на северниот дел), но има и помирен дел каде што можете да лежите на песокта. Лагомандра е една од позабавните плажи, со шанкови и организирани водени спортови. Не е идеална за деца, бидејќи водата станува длабока релативно брзо. Плажата се наоѓа на неколку километри северно од Неа Мармарас.

Каламици

Најдобри плажи на Ситонија

Каламици се наоѓа на петнаесетина километри јужно од Сарти. Плажата е долга околу половина километар и се одликува со ситен и мек псеок. Водата на овој дел од полуостровот е исклучително мирна, што ја прави локацијата идеална за водени спортови, особено за нуркање.

Кавуротрипес

Најдобри плажи на Ситонија

Оваа симпатична мала плажа е позната под повеќе имиња, меѓу кои и Портокалова плажа. Во овој дел од брегот многу често можете да наидете на мали заливчиња помеѓу карпите, кои неретко кријат прекрасни, рајски плажи. Плажата се наоѓа на десетина минути возење северно од Сарти, но внимавајте на знакот кој посочува кон неа, затоа што многу лесно можете да се изгубите.

Тристиника

Најдобри плажи на Ситонија

Оваа плажа претставува продолжение на совршениот брег на Торони, со должина од преку 5 километри. Со оглед на тоа што Тристиника е малку поодалечена од околните населени места, таму нема организација и најчесто посетителите се решаваат за кампување со шатори.

Трани Амуда

Најдобри плажи на Ситонија

Оваа плажа уште се нарекува и Ливрохио и претставува рај за луѓето што сакаат „диви“ плажи, без музика и најчесто без многу посетители. Се наоѓа во близина на Агиос Николаос, на десетина километри од Никити, но на спротивниот брег, со поглед кон Атос.

Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk

- Реклама -