Најдобрите НЛО фотографии

1232804445.jpg Не верувате во летачки чинии? Сигурни сте? За сите љубители на НЛО  и необични приказни – ова ќе ви се допадне. Погледнете 21 спектакуларни фотографии од летачки објекти кои сеуште не се објаснети, а ја посетиле нашата планета.

Не
верувате во летачки чинии? Сигурни сте? За сите љубители на НЛО  и
необични приказни – ова ќе ви се допадне. Погледнете 21 спектакуларни
фотографии од летачки објекти кои сеуште не се објаснети, а ја посетиле
нашата планета. 

1942-Los Angeles, California
Фотографирано од: војската на САД1942losangeles.jpg
Los Angeles, февруари 25, 1942, 02:25 ноќта – сирените кои биле инсталирани за алармирање при напад на Јапонски авиони започнале да работат кога летачки објекти биле забележани на небото. Било прогласено замрачување при што исплашените граѓани ги следеле инструкциите и ги изгаснале сите светла. Во 03:16 бил отворен оган кон овие објекти со анти – воздухопловни проектили, но објектите со црвена или сребрена боја биле недопрени. Оваа фотографија исто така е позната и како „Битката на Лос Анѓелес“

1950-McMinnville, Oregon
Фотографирано од:
Paul Trent1950paultrent.jpg
8 мај 1950 – ова е една од најпознатите НЛО слики некогаш фотографирани. Фотографирани од Paul Trent, а првпат видени од неговата сопруга. Биле објавени во локален весник во McMinnville, Oregon – останатото е историја.

 

 

 

1952-Washington, D. C.
Фотографирано од:
Авијацијата на САД
1952washdc.jpg

1956-South Africa
Фотографирано од:
Авијацијата на Јужна Африка
1956safrica.jpg  Овие фотографии се на почитуван член на јужно – африканското општество. Нејзиниот сопруг бил мајор во Африканската авијација, е Елизабет работела за разузнавањето. Биле вкупно 7 фотографии, сите сликани од Drakensburg планините – така што станале познати како „Drakensburg сликите“. Ако се вистинити, навистина се импресивни. Таа никогаш не ја сменила својата приказна. Починала во 1994, на возраст од 83 години.

1965-Santa Ana, California
Фотографирани од:
Rex Heflin
1965santaanna.jpg Овие фотографии се дело на Rex Heflin, додека се возел близу автопатот на Santa Ana. Тој никогаш не ги објавил, но сепак биле објавени во регистарот на Santa Ana на 09-20-65. Оваа слика предизвика многу дебати околу нејзината автетичност. Но и покрај тоа, стана една од најпознатите НЛО фотографии – иако многуминна ја сметат за лажна.

Прочитајте и:  Curiosity испрати неверојатна панорама од Марс

 

1965-Tulsa, Oklahoma
Фотографирано од:
Life Magazine
1965tulsa.jpg Во 1965 биле забележувани многу случаеви на НЛО – од едниот до другиот брег на САД. Летачки објекти биле пријавувани од луѓе со различна возраст. На 2 август 1965 илјадници луѓе во 4 среднозападни држави биле сведоци на спектакуларно воздушно шоу со големи формации на НЛОа. Истата ноќ е фотографирана оваа фотографија – фотографија која беше детално аналазирана и прогласена за автентична. Подоцна била објавена од Life Magazine.

1966-Provo, Utah
Фотографирано од:
Авијацијата на САД
1966provo.jpgОваа фотографија е дело на пилот на C-47 "Skytrain"  транспортен авион, во 11:00 наутро, некаде кај Rocky Mountains. Condon комисијата, којашто одлучила дека НЛОата не се вредни за научно истражувње, сепак го анализирала негативот и заклучила дека се работи за обичен предмет фрлен во воздух. Многу уфологисти не се согласуваат со ова.

1967-Woonsocket, Rhode Island
Фотографирано од:
Harold Trudel
1967woonsocket.jpgHarold Trudel, човекот којшто стои позади оваа фотографија тврди дека имал ментален контакт со вселенски луѓе, кои му пратиле телепатска порака каде и кога тие ќе се појават.

 

 

 

1971-Costa Rica
Фотографирано од:
Владата на Costa Rica
1971coastarica.jpgОваа фотографија е дело на авион кој правел мапи за владата на Costa Rica. Авионот бил на височина од 10,000 стапки над Lago de Cote. Истрагата покажала дека овој објект не е „познато“ летало. Иако имаше многу дебати околу фотографијата, сепак многумина ја сметаа за автентична. Сеуште нема „земско“ објаснување кое би го опишало овој објект.

1972-Apollo 16
Фотографирано од:
NASA
1972apollo16.jpgОва е астронаутот Charles Duke фотографиран како собира лунарни примероци, на мисијата за истражување на карпестите предели на Месечината. НЛОто може да се види горе десно. Сеуште нема објаснување за ова.

 

 

За останатите 11 фотографии, кликнете овде.

- Реклама -