Најдобрите игри на сите времиња

Повеќе... Тешко е да се направи список на најдобрите видео игри заради субјективниот однос кон квалитетот, но без проблем можеме да кажеме кои од нив ни го променале начинот на кој гледаме на индустријата за игри. Еве што избраа играчите…

Тешко е да се направи список на најдобрите видео игри заради
субјективниот однос кон квалитетот, но без проблем можеме да кажеме кои
од нив ни го променале начинот на кој гледаме на индустријата за игри.
Еве што избраа играчите:

PacMan

pacman.jpgАко постои стара, легендарна игра за сите времиња тоа дефинитивно е PacMan. Не постои мобилен телефон или некој друг електронски уред кој поддржува било каков облик на игри, а за него да не е осмислена некоја варијанта на PacMan. Легендарното жолто човече и неговата женичка оваа година слават 29 години постоење.

Tetris
tetris.jpgУште една игра без која ниеден „the best of“ не може да помине. Се сомневаме дека постои некој кој не ја заиграл Tetris во било каков облик. Приказната за потеклото вели дека Tetris настанала во Русија во средните осумдесетти, чиј автор ја прокриумчарил од СССР на Запад кој веднаш ја прифатил оваа „дрога“ со двете раце.

Серијал Grand Theft Auto
gta.jpgЕдна од ретките игри кои повеќе од еднаш добиле оцена 10/10 во многу од медиумите. Контраверзна, насилна, нехумана, луда – се’ се тоа епитети кои ја красат serijal GTA. Без оглед колкава прашина дигнала, играва е една од најдобрите акциски игри до сега.

Серијал Alone in the Dark
alone_in_the_dark2.jpgПрва игра со пукање која се повила во 1992 година и врз чии темели настанале многу други. Во улога на истражувач на паранормалните појави полека се пробивате низ проколната куќа водејќи сметка дека во сачмарката имате доволно муниција.

Серијал Sims
the_sims_2.jpgДесет милиони луѓе очигледно мора да се во право штом имаат волја константно да трошат пари на игри и да купуваат нови expansion pack-ови, па кои сме ние да им судиме. Наброени се 29 наслови вклучувајќи и expansion pack-ови, а да не го заборавиме и 30-от наслов Sims 3 кој излегува во февруари 2009.

- Реклама -