Ти се јавува нарачателот и ти вика „сакам да биде готово до тогаш и тогаш“. Ти знаеш дека ти треба повеќе време за да ја завршиш работата квалитетно, ама…
Дилемата ти е: 1) да ги земеш парите со можност за пацерски сработен Фотошоп што знаеш дека клиентот ионака нема да го примети; 2) да ти пропадне зделката затоа што клиентот има нереални очекувања. Што ќе направиш?
Овие во продолжение ги земале парите, очигледно.
1. Ова е некоја нова боја за коса, изгледа. Транспарентна
2. Ти е гајле колку раце има Опра
3. Изгледа добиле нова боја откако ја направиле фотосесијата, па ај вака
4. Знае кучево дека го чуваат духови?
5. Она кога те ретушира некоја средовечна теткица што се претставува како професионалец
6. Што е поверојатно? Џенифер Анистон да е вака флексибилна, или да е лош Фотошоп?
7. Мајкава е две третини нозе
8. И вас ви е ваков вратот?
9. Девојче, а бе не те боли ногата?
10. Трета рака, again
11. Кај му е раката, и зошто цурава си ја држи својата?
12. Џинов е сликан момент пред да заврши парализиран
13. Органски памук, ама неоргански простор меѓу нозете
14. Бебињата никогаш не треба да ги оставате сами во полна када. Ама со лажна рака, може
15. Судејќи по глетката од прозорот, авионот кај и да е ќе се урне во реката Хадсон. За волја на вистината, женава изгледа прилично загрижено, така што на место е…
16. Пратете ја рефлексијата од телефонот во долниот дел од билбордот. Сосема различна од телефонот
17. А где је коњ?
18. Папокот на цурава малку застранил
19. Девојче, девојче, ти потекол колкот!
20. Голема глава на мало тело
21. Со ваква сериозна деформација на нозете, чудно е како баш бебево го избрале да стои на амбалажа на омекнувач
22. Ништо погрешно на сликава, нели?
23. Автомобил што секој може да си го дозволи – фотошопиран.
24. А где је рака?
25. За тие со фетиш за долги вратови (ако постои таков)
26. Колку различни лица ќе изброите на сликава?
27. Таблет што ти ја покажува иднината (на екранот веќе танцуваат)
28. Бред Пит и Анџелина Џоли кога посвојувале: „Дај ми едно вакво, едно вакво и едно вакво, ама дај ми и резерва за последново“
29. Да знае цурава дека се мува со вампир… Уствари, може знае.
30. Жизел Бундхен нема папок
31. Овде очигледно заборавиле да ја фотошопираат позадината. Сликава со нудист стои на француски сајт за онлајн шопинг
32. Wow, колку флексибилен зглоб на левата дланка
33. Манекенкава има две десни стапала
34. Не сите имаат долна вилица. Сметајте се среќни
35. Кајли има добри кривини. И на газот, и на ѕидот
36. На ќерката на Кејт Мос ѝ исчезнуваат прстите
37. Кучево е осудено на доживотен запек. Ништо чудно што има тажна и пред сé загрижена фацка
38. Туторијал: Како да скршиш врат при туширање
39. Долга ногава некако
40. Обама секогаш си држеше лажна рака, за да не му прават скандали како на Трамп
41. Некој ѝ сецнал од бутот
42. Пак облини кај што не треба
43. Лебдечки пудинг. Не мораш да го држиш, те следи кај и да одиш
44. Трегерава со магнети работи или како?
45. Трета рака strikes again
46. Ќерката на Сатаната. Огледалото ја издава
47. Од пливање ти растат рацете. Некогаш не двете подеднакво
48. Аааа, значи вака се користел селфи стик! Не знаевме
49. Лебдечка кредитна картичка. Со бонус опција да те цензурира кога покажуваш среден прст
50. 25 начини да импровизираш со гитара. Еден начин да импровизираш во Фотошоп
51. Пената на пивово
52. Ако грашакот на менито е лажен, не е лошо да очекуваш дека и во јадењето ќе биде лажен
53. Боже господе, што ѝ се случило на дланката?
54. Одите на излет со друштво: – А бе, брат, зема пиво? – Не, ама земав Фотошоп!
55. Раката што му ја честита победата на Мајкл Фелпс
56. Невидливи чадори
56. Пак три раце
57. Бројот на дупки на лепчињата не одговара на бројот на „запци“ на тостерот
58. Истото куче и двапати copy-paste
59. Три глави, седум пара нозе… Тотално има смисла
60. Чекај сеа, дома се, или во кола се?
61. „- Како најдобро да го привлечеме вниманието кон нашиот нов бренд долна облека? – Направи ја главата поголема!“
62. Сé на рекламава за шатор е апла Фотошопирано, ама гондолата е врв
63. Ако ова ти е глетката на Кинескиот ѕид од прозорот во авионот, редно е да почнеш да паничиш