Американското издание Ward’s Auto ги објави резултатите од годишниов избор на „10-те најдобри автомобилски ентериери“.
Во текот на два месеци, осум уредници на весникот анализираа вкупно 47 ентериери и го оценуваа нивниот дизајн, естетика, квалитет на материјалите, ергономијата, безбедност, удобност при користење на електронските системи… Претставниците на Ward’s Auto забележаа дека овој пат во првата десетка доминираат претставници на производители на луксузни автомобили, додека минатата година во рангирањето се најдоа само три од нив. Овој пат, во Топ 10 има само четири модели со цена под 50.000 долари – семејството Honda Civic, седанот Nissan Maxima, миниванот Chrysler Pacifica и спортскиот Chevrolet Camaro.
„За нас е најважно дека меѓу победниците повторно има и ценовно достапни модели, но треба да се напомене дека просечната цена на нов автомобил во САД се зголеми на 33.000 долари, што нè тера да ја преиспита дефиницијата за луксузен модел“, појасни главниот уредник на изданието, Дру Винтер.
Во годинашниов избор на „10-те најдобри автомобилски ентериери“ се најдоа следниве моделски остварувања: Audi TTS, BMW 7, Cadillac XT5, Chevrolet Camaro, Chrysler Pacifica, Honda Civic, Lexus RX, Mercedes GLC, Nissan Maxima, Volvo XC90. Највреден модел од овие на пазарот во САД е BMW 7 со цена од 129.245 долари, а со најниска цена Honda Civic со 27.335 долари.
Победници минатата година во натпреварот станаа внатрешностите на моделите: BMW i3, Chrysler 300C, Ford F-150, GMC Canyon, Honda Fit, Jeep Renegade, Kia Sedona, Mazda6, Mercedes-Benz C-класа и Nissan Murano.