Најдобрите автомобилски брендови за 2015

Американското издание Consumer Reports го објави годинешниов рејтинг за најдобрите автомобилски брендови во светот. Листата е направена на база на повеќе фактори, а втора година по ред лидер е јапонскиот Lexus. На дното пак се рангирани Ford, Dodge, Mini, Jeep и Fiat.

Класификацијата е составена според одредени критериуми, кои се оценуваат по извршените патни тестови на моделите на секој производител, Во рангирањерто е вкалкулирана и средната оценка за сигурноста на машините. Лидерот Lexus оствари вкупен резултат од 78 поени, а имаше највисока оценка за сигурност. Однесувањето на моделите на марката е оценето со 76 поени: „Lexus се докажува како производител на многу сигурни, тивки и луксузни автомобили“, истакнуваат Американците. Второто место е за Mazda која регистрира вкупен рејтинг од 75 поени. Во категоријата „однесување на патот“ јапонската компанија исто регистрира висок резултат. „Mazda нуди целосно нова палета модели. Таквите сосема нови автомобили не ретко страдаат од различни проблеми. Овој бренд сепак е исклучок од правилото“, потенцираат од Consumer Reports.


Во првите три е уште еден јапонски производител. Тоа е Toyota, чиј вкупен резултат е 74 поени. Во категоријата за однесување на патот оценката е 72 бода: „Toyota се фокусира на конструирањето на солидни и многу сигурни автомобили кои се мошне комфорни, пријатни за возење и многу популарни на пазарот“, оценуваат од Consumer Reports. Четвртото место е за Audi кој генерира вкупен резултат од 73 поени. Оценката на германската марка за однесување на патот е дури 81 поен. Subaru исто генерира вкупен резултат од 73 поени, но е рангиран на петтата позиција. Причината е послабите резултати при патните тестови во споредба со Audi – 73 поени.


Во топ 10 се наоѓаат уште Porsche, Buick, Honda, Kia и BMW. Volvo е рангиран на место 12, а по него е Hyundai. Volkswagen е позициониран на позиција 15, Nissan на 18, а Mercedes-Benz на 21 место. На дното на листата се Ford, Dodge, Mini, Jeep и Fiat. Брендови како Jaguar, Land Rover, Maserati, Mitsubishi, Ram, Smart и Tesla не фигурираат во рангирањето, бидејќи изданието не располага со доволно податоци за да даде оценка, се вели во пораката од Consumer Reports.

Автоплус

- Реклама -