Ако ја погледнеме 2007 година во областа на филмот, ќе почнеме онаму
каде што поголемиот дел од луѓето го почнуваат нивното филмско искуство
– со филмските плакати. Во Movie Poster Frenzy секоја недела се прави
преглед на највоодушевувачките(или најсмешни) филмски плакати. Овде ќе
направиме избор на најдобрите 10 изминатата година.
Ако ја погледнеме 2007 година во областа на филмот, ќе почнеме онаму каде што поголемиот дел од луѓето го почнуваат нивното филмско искуство – со филмските плакати. Во Movie Poster Frenzy секоја недела се прави преглед на највоодушевувачките(или најсмешни) филмски плакати. Овде ќе направиме избор на најдобрите 10 изминатата година.
10. Заби
9. 30 денови од ноќта
Ова нема да биде првиот плакат на нашата листа што има таква графичка обработка на роман. Изминатата година имаше многу одлични графички филмски адаптации, а плакатот 30 денови од ноќта сигурно го задржува погледот и влијае на чувствата. Црвената крв на плакатот ни остава чувство како самите ние да сме прободени.
8. Fantastic Four: Rise of the Silver Surfer
Филмот можеби и не беше толку добар, но сите бевме возбудени да го видиме Silver Surfer во акција. Овој постер дава еден одличен момент на Doug Jones како сурфа. Тој е едноставен, интересен и воодушевувачки – е сега, уште да ја ставеле Jessica Alba горе наместо…
7. Точно на твојата врата
Точно на твојата врата е уште еден филм кој не помина добро, но плакатот беше апсолутно брилијантен. Зарем не може да се каже дека ова е еден “апокалиптичен трилер“? Дури и без наводниците на насловот, може да се почувствува тонот на филмот.
6. Juno
Зошто да се стави се на постерот кога филмот може да се опише со бремен стомак? Тоа го мислеле соработниците за маркетинг кога сакале да ја исмеат комедијата Juno на Jason Reitman. Тоа функционираше бидејќи околу тој стомак е еден од најумните дијалози во еден од најдобрите филмови на годината.
5. Со среќа Chuck
Доказ дека оваа листа е повеќе за плакатите отколку за квалитетот на филмот е овој плакат со Џесика Алба како јаде сладолед.
4. Трансформерс
Од 13-те понудени постери на Michael Bay , овој беше најуспешен. Пред Optimus Prime да го објави бокс-офисот минатото лето, тој го отвори патот до нашиот ум рушејќи ги нашите ѕидови.
3. Knocked Up
Обидете се да го погледнете овој плакат и да не се смеете.
2. 300
Филмувани романи уште еднаш беа насекаде. Театарскиот постер за Zack Snyder’s 300 ја доловил визијата на Френк Милер речиси перфектно. Всушност можеме да се запрашаме зарем не е ова само за романот наместо за филмот?
1. Grindhouse — Planet Terror
На врвот на оваа листа на филмски постери е Grindhouse – Planet Terror на Роберто Родригез. Целокупниот маркетинг на Grindhouse беше одличен, но ништо толку впечатливо како полуразголената девојка со митралез наместо нога.