Невообичаениот фото албум направи татковците ширум светот да се чувствуваат прилично добро со нивните родителски вештини.
Она што започна со смешна слика во која таткото си го исмејува своето незнаење во чувањето деца, предизвика серија на вирална сензација и сега тие слики се објавени во книга.
Дејв Енџелоу е најмногу изненаден од успехот на неговиот проект, кој започна со раѓањето на својата ќерка Алис Би, која сега е три години.
„Јас секогаш на некој начин мислев- затоа што имам црн смисол за хумор- дека фотографиите ако станат вирални коментарите ќе бидат повеќе негативни. Но, постојат многу луѓе кои го наоѓаат хуморот во неконвенционалното“, рекол Дејв.
Ова е неговата продолжена од колекција насловена „Ако те оставам сам една минута“, а предходната можете да ја видите ТУКА.