Најдобриот рецепт за полнети јајца

Одлично предјадење, со кое можете да експериментирате, барем кога станува збор за употребата на состојки.

Состојки:

5 јајца

1 – 2 лажици ајвар

1 -2 лажички сенф

мајонез, по желба

сол, по вкус

бибер

оригано

пиперка

лук во прав

Подготовка:

Јајцата згответе ги на вообичаен начин – треба да бидат цврсто сварени, варете ги 13 – 15 минути. Излупете ги и исечете ги на половина. Жолчките ставете ги во чинија, изгмечете ги и додадете од наведените состојки.

Доколку вкусот ви е премногу силен, наместо една лажица ајвар, можете да ставите мајонез или павлака. Количината на ајварот и мајонезот определете ја самите за да добиете соодветна цврстина во смесата за полнење.

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?

Исолнетите јајца можете да ги декорирате со ситно сецкана пиперка (свежа или кисела) и да додадете оригано и бибер.

Совет: Доколку сте љубител на месни производи, на дното најпрво можете да ставите малку ситно исецкан кулен, па потоа да го наполните јајцето.

jajca1

 

- Реклама -