Најдобриот начин да контактираме вонземјани е…

Ги каниме вонземјаните на средба. Ќе им го испратиме целиот интернет?

Сет Шостак, директорот на SETI – Центарот за потрага по вонземска интелигенција, изрази нова идеја за тоа како најлесно да дознаеме дали има некој таму горе. Тој смета дека наефикасно би било да ја емитираме целосната дата што ја содржи интернетот – слики, текстови, видеа, музика, во вселената.

Според него, пристапот до целата дата на човештвото би им дала на вонземјаните прилика да научат многу повеќе за нас, и би направила да посакаат да не контактираат.

„Би можеле да ја испратиме содржината на Интернет. Толку голем корпус од информации би им овозможил на вонземјаните да дешифрираат голем дел од нашето општество, па дури и да формулираат прашања кои би можеле да бидат одговорени од материјалот што ќе го имаат на дофат“, напиша тој за Љујорк Тајмс.

Aliens+watching+ancient+aliens+tv_930baf_5295817[1]

Испраќањето на веб мрежата во вселената би траело со месеци, кога би се користел радио-трансмитер. Од друга страна, моќен ласер, кој би ги пренесувал податоците како што тоа го прават оптичките влакна, би ја завршил работата за неколку дена.

Оваа идеја доаѓа по неодамнешните измени во проектот SETI, кои уште од 50-тите години се базираше исклучиво на „слушање“ и анализа на сигналите што стигнуваат од вселената. По најновите предлози, SETI ќе го смени пристапот – сега ќе испраќа сигнали до вселената, во обид да исконтактира евентуално постоечки вонземјани што истиот би го „слушнале“. Сето ова беше предмет на жестоки критики од страна на куп еминентни научници, меѓу кои и Стивен Хокинг, кои сметаат дека е екстремно опасно (и можеби погубно) да го најавиме нашето постоење на некоја напредна цивилизација. А па кога ќе слушнат дека ќе го пратиме целиот Интернет, со сé сите наши предности и слабости…

- Реклама -