Најдобриот гол со ножички постигнат од голман, во 95-та минута

На мечот меѓу Барока и Пиратес од Јужноафриканската лига падна веројатно најубавиот гол некогаш постигнат од голман, а и потенцијален претендент за Пушкаш.

На почетокот на 6 минута од судиското продолжение, Барока губеа со 0-1, но во нападот по изнудениот корнер притрча и голманот Оскарин Масулуке, кој со прекрасни ножички израмни на 1-1 со гол безмалку во аголот на мрежата.

 

- Реклама -