Денот на вљубените е за два дена, а вие уште не сте се одлучиле со што ќе ја изненадите вашата сакана личност. Што да ѝ подарите, а да не потрошите премногу или,пак, да не ја згрешите „темата“?
За да ви ги скратиме маките, повелете листа со најдобрите подароци за Св. Валентајн. Но, и со најлошите.
Најдобри подароци
Врамена фотографија од вас двајца од почетокот на врската, честитка која ќе се чини како најромантична идеја затоа што денес ретко кој ги користи, заедничка масажа, романтичен викенд за двајца, секси долна болека (и не е баш креативен подарок, но нема да згрешите).
Најлоши подароци
Опрема за вежбање, апарат за домаќинство, подарок што веќе сте го купиле минатата година, вест дека раскинувате.