Тhe Best offer e филм во режија на Џузепе Торнаторе, кој прави еден интересен спој меѓу сликарството и мистеријата.
Оваа драма го отвора светот на културата, софистицираноста и богатството во чија што позадина се кријат вистината и лагата, непознатото и љубопитноста.
„Најдобрата понуда“ раскажува приказна за богат колекционер на уметнички слики, кој запознава жена која никогаш не излегла од својата соба.
Работејќи на проценка на нејзиниот имот, колекционерот разговара со неа преку ѕидините, во огромно исчекување да види што се крие зад нив. Дали е таа привлечна колку што звучи. Зошто е толку исплашена од светот и зошто толку малку зборува за себе?
Тортнаторе како во сите негови филмови, приказните ги раскажува на начин кој не дозволува да го изгубиме вниманието. Сценариото е секогаш совршено како и музичките теми кои ги придружуваат случувањата.
Доколку сте расположени за филм кој ќе ве држи во неизвеснот и тензија до самиот крај, „спуштете“ го уште денеска.