Најдобрата храна за вашиот дигестивен систем

Ако имате проблеми со дигестивниот систем, прво обидете се да ја подобрите исхраната и да внесувате храна што ќе им го олесни варењето на дигестивните органи. Од проблемите како подуен стомак, дијареа и грчеви лесно ќе се ослободите со овие неколку здрави продукти.

Папаја

Папајата традиционално се користи за хронично воспаление на цревата, нервозен желудник и за пролив. Содржи папаин, кој е ензим што го подобрува варењето на храната.

Јаболко

Јаболката изобилуваат со здрави влакна, богати се со пектин, како и со други ензими кои го подобруваат варењето. Ако имате чувствителен желудник, пробајте печени јаболка, наместо свежи.

Цимет

Циметот традиционално се користи за лечење на утринските тегоби и за дијареа, но добро делува и кај грчевите. Одличен е во рецепти со пилешко, сутлијаш и пити со јаболка.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Авокадо

Авокадото има многу калиум, влакна и здрави масти кои се добри за варењето. Пробајте неколку тенки парчиња авокадо да ставите во утринскиот сендвич, наместо путер или кашкавал.

Ѓумбир

Зачините и билките како ѓумбирот го смируваат желудникот. Напијте се чај од ѓумбир и веднаш ќе ви биде подобро.

Зелени зеленчуци

Кељот, спанаќот и зелената салата се полни со растителни влакна, витамини и минерали што позитивно влијаат на варењето. Ја намалуваат подуеноста на стомакот и го смируваат желудникот.

 

- Реклама -