Македонските корисници на Android добиваат нова квалитетна апликација која ќе ви го олесни изборот за излегување, односно места забава, без оглед дали е кафе бар, ресторан или ноќен клуб. Идејата на Најди место е самите корисници да оставаат коментари и оценки за местата кои ги посетиле, како и различни предлози.
Најди место е изработена од Никола Калемџиевски и нуди над 350 локации во Скопје и низ останатите градови од Македонија. Апликацијата функционира на сличен принцип како и Foursquаre и освен детали за локалите се прикажуваат и мапи.
Според изјавите за медиумите на креаторот Никола Калемџиевски, планирано е апликацијата да добие и верзија на англиски јазик, за полесно снаоѓање на странците кои ја посетуваат Македонија. Најди место може бесплатно да ја превземете од Play Store.
Текстот е објавен во соработка со Telefoni.com.mk