Сликите со голи женски тела се строго забранети во Саудиска Арабија. Не постои вистински систем за отстранување на навредливите материјали кои вклучуваат каков било облик на голотија, па така, некој ја има тешката и напорна задача да ги обојува сите тие голи нозе, деколтеа и другите разголени делови од телото што се појавуваат на насловните страни на западните магазини и на другите увезени продукти.
Сликите со голи женски тела се строго забранети во Саудиска Арабија. Не постои вистински систем за отстранување на навредливите материјали кои вклучуваат каков било облик на голотија, па така некој ја има тешката и напорна задача да ги обојува сите тие голи нозе, деколтеа и другите разголени делови од телото што се појавуваат на насловните страни на западните магазини и на другите увезени продукти.
На блоговите од Саудиска Арабија (кои, се разбира, за брзо време се цензурираат) се пишува за строгата цензура која е со цел да ја осигура моралноста на жителите на оваа земја. Голотија во секаков облик е забранета, исто така и порнографијата. Фотографиите на жените во книгите, магазините и амбалажите систематски се цензурираат со црни маркери во секој случај кога и малку гола кожа е видлива, а понекогаш страниците со „непристојна“ содржина едноставно се отстрануваат.
Саудиската влада, ги ангажира членовите на религиозната полиција на [[Committee_for_the_Propagation_of_Virtue_and_the_Prevention_of_Vice_(Saudi_Arabia)|Комитетот за пропагирање на доблеста и спречување на порокот]] внимателно да ја отстранат секоја навредлива содржина. Колку за илустрација тие треба да го отворат секое цеде, да ја извадат опаковката, да ја обојат со маркер и повторно да ја вратат назад.