Најдени три џуџести планети

планетиКујперовиот Појас, област која се наоѓа по Нептун, и која е карактеризирана по астероиди, мраз и камења е исто така дом на неколку џуџести планети. Хаумеа, Макемаке, и неодамна деградираниот Плутон се наоѓаат во овој појас.

Надвор од Кујперовиот Појас, има само две познати џуџести планети Церес и Ерис. Сега истражувачите веруваат дека откриле уште три нови џуџести планети во Кујперовиот Појас. Користејќи го Варшавскиот Телескоп во обсерваторијата Лас Кампањас во Чиле, истражувачите откриле 14 можни тела во вселената кои би можеле да бидат интересни за понатамошно изучување.

Од овие тела, 11 биле едноставни големи парчиња камен, но три од нив биле доволно големи за да ја исполнат дефиницијата на џуџеста планета. Според Меѓународниот Астрономски Сојуз, два критериуми мораат да бидат исполнети за класификација како џуџеста планета. Мора да има доволно маса за сопствената гравитација да го компресира во сфера, и мора да орбитира околу Сонцето.

Овој втор критериум ги елимира повеќето големи месечини кои, иако се поголеми од џуџеста планета, не орбитираат околу Сонцето. Новите откритија се едвај доволно големи за да бидат класифицирани како џуџести планети. Тие најверојатно имаат дијаметар од само околу 400 километри, што е многу помалку од Плутон. Фактот што овие планети се направени од мраз најверојатно им помага да остварат топчеста форма.

Сега откако истражувачите знаат што има да понуди Кујперовиот Појас, можат да се фокусираат на проучување на спецфични џуџести планети. Истражувачите исто така се надеваат да ја продолжат својата анализа на вселенски тела во поодалечените региони од сончевиот систем. [Three potential new dwarf planets discovered near Pluto]

- Реклама -