Најден потонат брод стар 4000 години?

При едно скорешно подводно ископување во Турција беше откриен потонат брод стар 4000 години.

Точната старост на бродот сеуште се утврдува, но ако првичните претпоставки се точни, тоа ќе значи дека ова е најстариот најден брод, не само во Медитеранот, туку и во светски рамки.

Потонатиот брод е откриен кај пристаништето Урла, едно од ретките подводни наоѓалишта во Турција. Пристаништето датира од 7-от век пред н.е. и е дел од стар приморски град кој во 8-от век, поради земјотрес, бил поплавен и останал засекогаш под вода. Во областа има многу потонати бродови, што е и логично, но нивната старост е далеку од границата од 4000 години.

Urlaexcavations-1[1]

„Ако ја потврдиме 4000-годишната старост, тоа ќе биде важна етапа за археологијата“, вели Ерканал, член на истражувачкиот тим. Според него, следниот чекор е да се отстрани наталожената сол од артефактите, што се прави во пространи реставрациони и конзервациони лаборатории. Процесот на извлекување на потонатиот брод од водата може да трае и до 8 години.

turkey7[1]

Во моментов, двата најстари најдени бродови се „Улубуринскиот бродолом“, најден на брегот на Кас, стар 3500 години, и потонатиот брод на Хатшепсут, петиот фараон на 18-тата династија на Древен Египет, стар околу 3650 години.

- Реклама -