Најдебелото бебе во Колумбија, кое тежи колку шест-годишно дете, беше „спасено“ од страна на добротворна организација за да можат да му обезбедат третман кој ќе му го спаси животот.
Сантијаго Мендоза е осум-месечно бебе, кое веќе надминува тежина од 20 килограми, е пренесено од својот дом во Валедупар до главниот град Богота во неделата.
Волонтери од фондацијата Medellin-based Chubby Hearts (Gorditos de Corazon) помогнаа во транспортот на момчето откако неговата мајка Јунис Фандино им се обратила за помош.
Таа призна дека нејзиното сопствено „незнаење“ довело до нездравата тежина на нејзиниот син и дека, секој пат кога заплакувал, таа му давала храна за да се смири.
„Тој е роден со аксиозност, па ако заплачеше јас само го нахранував“, додаде таа.
Caracol Radio известува дека Сантијаго претрпел здраствени компликации поради неговата тежина откога е роден, и веќе е хоспитализиран во неколку наврати.
Медицинските лица ќе се обидат да ја намалат неговата тежина на погодно ниво пред да биде подложен на серија операции.
„Најверојатно, ќе му биде потребен долготраен третман, едукација, здрава храна и друга физичка активност“, изјавил хирургот Cesar Ernesto Guevar.
„Инаку, во иднина, би можел да страда од дијабетес, висок крвен притисок и сериозни проблеми со зглобовите“, додаде тој.
Неговата мајка открила дека практично била ограничена во својот дом бидејќи бебето било премногу тешко за да го изнесе надвор.